МВР МОЛЧИ, ОЈО ОТКРИВА ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕ КОИ БИЛЕ НАПАЃАЧИТЕ СО АВТОМАТСКО ОРУЖЈЕ
Foto

МВР МОЛЧИ, ОЈО ОТКРИВА ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА СЕ УШТЕ НЕ ЗНАЕ КОИ БИЛЕ НАПАЃАЧИТЕ СО АВТОМАТСКО ОРУЖЈЕ

Полицијата сеуште не утврдила кои се напаѓачите кои упаднале со автоматски пушки во саботата вечерта во скопскиот хотел Александар Палас, велат од основното јавно обвинителство. Од обвинителството велат дека неколку часа пред пукањето во хотелот се случил друг инцидент, кога четири лица кои седеле во хотелот при обидот на бидат легитимирани од страна на 11 полициски службеници упатиле сериозна закана врз животот на полициските службеници. Затоа е отворена постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници. Од обвинителството информираат дека тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се уште се трага. Обвинителството од судот побарало мерки на претпазливост но не и притвор.

„Јавниот обвинител до Судот поднесе предлог за определување на мерки за претпазливост за четворицата осомничени: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, обврска повремено да се јавуваат кај определено службено лице, како и забрана за приближување и за воспоставување комуникација со оштетените. “ - велат од ОЈО.

Ниту обвинителството, ниту полицијата сеуште не кажуваат ништо за улогата на полицаецот во цивил кој седел со групата која била нападната, и при тоа полицаецот го употребил својот пиштол пукајќи кон напаѓачите. Со оглед дека полицаецот не бил на должност прашање што барал во друштво на група која е поврзувана со криминал, и дали МВР поднеле некаква постапка против полицаецот. Според денешното соопштение на обвинителството исто така се гледа, дека иако вечерта во саботата групата која седела во хотелот упатила закани до полицајците кои дошле да ги приведат, полицијата се повлекла и не реагирала. Апсењето на осомничените се случи дури вчера после престрелката која го привлече вниманието на јавноста. Од другите достапни а официјално непотврдени информации во врска со инцидентот, возилото „туарег“ и автоматски пушки после пукањето се најдени во скопско Арачиново. Неофицијалните информации од полициски извори велат дека се работи за две криминални групи од Скопје кои се борат за превласт на пазарот со дрога, а кои досега од непознати причини полицијата не успеала да ги сузбите.

0 Коментари

Остави коментари