Добриот познавач на домашната и меѓународна политика, аналитичарот Алберт Муслиу во емисијата 24 анализа смета дека новиот претседател Џо Бајден ќе биде посветен на обединувањето. Бајден има големо искуство, смета Муслиу и знаел и порано да зближи раскарани страни.
„Во тој квалитет не се сомневаат ниту републиканците. Тој брзо ќе се фати за работи со претседателски укази. Ќе ја формира владата и во Америка зошто таму претседалот е влада, а сите други му служат нему. - вели Муслиу.
Изборот на Бајден ќе влијае во целиот свет, па и кај нас, смета Муслиу. Во односот со Бугарија, тој смета дека американската администрација ќе се вклучи во тој процес.
„Ни недостасуваше Америка во однос на европските интеграции и поактивно ќе се вклучат. Америка сака да го стабилизира Балканот и преку разговорите Белград - Приштина. Овој регион е сосед со поризични региони. Имаме шанса овој процес да не се одолговлече.“ - вели Муслиу.
0 Коментари