Мурињо: Ќе биде тешко во Македонија
Foto

Мурињо: Ќе биде тешко во Македонија

Шкендија наредниот четврток ќе го пречека Тотенхем во квалификациите за Лига Европа. Тотенхем вчера  успеа да го  победи локомотив со 2:1, додека Шкендија славеше во Романија против Ботошани со 1:0.

Жозе Мурињо по мечот со локомотив рекол дека очекува тешко гостување во Македонија. Тотенхем претходно ќе мора да игра со Саутемптон во премиер Лигата и Лејтон во Лига купот.

„Ништо не знам за Шкендија, но знам дека ќе биде тешко во Македонија. Се игра еден натпревар што претставува дополнителен ризик. Кога има реванш секогаш може да ги исправите грешките“, рекол португалскиот стратег.

 

0 Коментари

Остави коментари