Мурал во Гевгелија - држи физичка дистанца, но не ги заборавај соседите
Foto

Мурал во Гевгелија - држи физичка дистанца, но не ги заборавај соседите

Држи физичка дистанца но не ги заборавај  соседите, бидејки  потребно е заедништво и солидарност во ова време.

Ова е пораката на авторот Миле Ничевски кој наслика мурал на приватен објект во стариот дел на Гевгелија во рамките на годинашново издание на битолскиот фестивал Акто кој годинава одлучи да да бидат насликани мурали не само во Битола и Гевгелија туку и во Прилеп, Штип, Велес, Кочани и Скопје. Како што вели Ничевски идејата била да се остави белег на ова ново време кое наметнува нови правила.

Муралот е широк околу 10 тина а висок 5 метри. На него на гевгелиски дијалект пишува Уф добро и уф мка, комшијата е тука како симболика дека треба да се почитуваме едни со други и покрај физичката дистанца. Тој смета дека со овој мурал стариот дел на градот ќе добие дополнителна содржина.

Муралот во Гевгелија е насловен Ноќен танц  кој повикува на прифаќање нов начин на живот со физичка дистанца но и потреба од обедивнување за справување со коронавирусот.

 

 

0 Коментари

Остави коментари