Можно ли е решение за спорот со Бугарија пред формирањето на Влада?
Foto

Можно ли е решение за спорот со Бугарија пред формирањето на Влада?

Формирање на нова бугарска влада до одржувањето на Европскиот совер на 16 и 17 декември е теоретски можно, но во пракса тешко изводливо покажува процедурата кај источниот сосед.

Најрано влада во Софија може да се создаде на 15 Декември, па малку е веројатно дека би имало време за еден ден да се изгради позиција за преговорите со Македонија. Бугарскиот амбасадор во земјава вели дека пред постигнување на договор меѓу двете дрќави прво треба да се формира влада.

Денеска претседателите на Бугарија и Германија, Румен Радев и Франк-Валтер Штајнмаер на работната средба во Стразбур размениле мислења за безбедносната средина во соседните региони на ЕУ и европската перспектива на Република Северна Македонија. Радев кој пред два дена разговараше со премиерот Заев ги повтори познатите бугарски позиции.

- Југозападниот сосед треба да покаже европска зрелост и почит кон вредностите на ЕУ со преземање конкретни активности за запирање на јазикот на омраза кон Бугарија во учебниците по историја, државните студии и научните студии на бугарскиот културно-историски наследство и особено за почитување на правата на своите граѓани, кои отворено го изразуваат својот бугарски идентитет. - вели Румен Радев, Претседател на Бугарија.

Во однос на 16 пресуди на судот за човекови права во Стразбур за македонското малцинство во Бугарија, амбасадорот Ангелов вели дека бугарскиот устав не препознава малцинства и колективни права.

Вицепремиерот Артан Груби во последно телевизиско гостување кажа дека земјава подготвила удобни одговори за бугарските барања и тоа според Груби дава надеж за одблокирање на спорот во Декември и почеток на преговори со унијата за земјава истиот месец или во порвите месеци следната година.

0 Коментари

Остави коментари