Морбилите не стивнуваат – можно е да се прогласи епидемија во целата држава?
Foto

Морбилите не стивнуваат – можно е да се прогласи епидемија во целата држава?

Дали ќе се прогласи епидемија на морбили во целата држава утре треба да одлучи комисијата за заразни болести. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, од 06-ти до 12-ти април биле регистрирани рекорден број на нови случаи во споредба со претходните недели, односно 126 случаи што е најмногу од прогласувањето на епдимијата до сега. Во моментов, епидемија е прогласена во Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.

Заразени со морбили се и здравствени работници и пациенти, но и трудници.

0 Коментари

Остави коментари