Могерини: Проширувањето е прашање на помирување и обединување на ЕУ
Foto

Могерини: Проширувањето е прашање на помирување и обединување на ЕУ

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, изјави дека прашањето за проширувањето на ЕУ на Западен Балкан е прашање на помирување и обединување на европскиот континент.

Говорејќи за примената на глобалната ЕУ-стратегија, пред Европскиот парламент Могерини оцени дека приближувањето на земјите од Западен Балкан е инвестиција во европската безбедност, стабилноста и просперитетот.

0 Коментари

Остави коментари