Модуларните болници во Штип и Кочани немаат доволно кислород за пациентите со ковид 19
Foto

Модуларните болници во Штип и Кочани немаат доволно кислород за пациентите со ковид 19

Болниците во Штип и Кочани ќе прават резервоари за кислород за модуларните болници. Сегашните кислородни станици функционираат со боци и поради енормната потрошувачка на кислорд мора да се менуваат повеќе пати во текот на денот.

Во Штип потрошувачката последнава недела е над 800 литри на дневна основа. Во моментот дури 54 се на  постојана кислородна подршка. Засега нема технички детали за капацитетот на резервоарот, но од штипската Клиничка болница велат, поради растот на пациенти на кислородна подршка набавката ќе биде итна. 

„Собираме податоци согласно нашите потреби, за тоа колкав би требало да биде тој резервоар, но секако да собира поголема количина кислород и неговото полнење да биде на неколку дена. Предлогот ќе го презентираме пред Управниот одбор и очекуваме зелено светло бидејќи техничките служби не известија дека ваквиот систем со боци многу тешко функцинира“, вели Ален Георгијав, директор на КБ Штип.

Ако се направи ваков резервоар тогаш дел од боците за кислород што сега се користат во станицата повторно ќе бидат ставени во функција и ќе се зголеми можноста за хоспитализирање на пациенти со потешка клиничка слика во зградата на Инфективно, што сега не е случај.

И модуларната болница во Кочани е полна и таму се рушат рекорди во потрошувачката на кислород, па и таму ќе бараат начин да се направи ваков резервоар со што би се олеснила работата и би се овозможило постабилно снабдување со кислород.

0 Коментари

Остави коментари