Модуларната болница повторно прима пациенти, во недела се очекува по ДХЛ да стасаат првите 3000 набавени вакцини
Foto

Модуларната болница повторно прима пациенти, во недела се очекува по ДХЛ да стасаат првите 3000 набавени вакцини

Новиот бран на коронавирусот ги полни болничките капацитети. Драстичниот број на новозаболени од Ковид-19, повторно ја отвори модуларната болница кај Инфективната клиника. 

Модуларната болница кај Клиниката за инфективни болести од денеска повторно ќе прима пациенти заболени со коронавирусот. Причина е зголемениот број на заболени лица од ковид-19 и овозможување на дополнителни болнички капацитети.

Модуларната болница беше затворена во првата декада на јануари годинава со намалувањето на борјот на заболени и служеше за вакцинација на здравствените работници. Вакцинацијата сега се префрла во Здравствениот дом, за да се ослободи место за пациентите заболени со коронавирусот.

Во болниците во земјава засега има околу 350 слободни болнички кревети, а вкупно 763 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оделенија. 

Како што најавија надлежните имунизацијат треба да започне до крајов на месец март. Осве вакцините од фајзер премиерот Зоран Заев денеска најави уште 3.000 дози од руската вакцина кои се очекува да пристигнат во недела.

За време на викендот ќе се следат бројките на новозаразени, а во понеделник Комисијата за заштита од заразни болести се очекува да даде предлог за тоа дали ќе има нови рестриктивни мерки.

0 Коментари

Остави коментари