Модерна не може да го забрза производството на вакцини во следните месеци
Foto

Модерна не може да го забрза производството на вакцини во следните месеци

Производството на вакцини против Ковид-19 на Модерна веројатно нема да се забрза значително во следните неколку месеци, изјави извршниот директор на американската фармацевтска компанија. Тој додаде дека производството се очекува драстично да се зголеми во 2022 година.

Владата на САД побара од Модерна да го забрза производството и испораката на вакцини откако времено ги суспендираше вакцините на Џонсон и Џонсон бидејќи шест жени по вакцинацијата развија ретки згрутчувања на крвта.

– Потребно е време да се постигне голем нов производствен капацитет, изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел за време на разговорите со инвеститорите. Тој нагласи дека се уште се очекува неодамна најавената инвестиција за проширување на капацитетите „многу конкретно“ да придонесе за зголемување на производството во 2022 година.

Бансел истакна дека Модерна е се уште на пат да произведе и глобално да пласира меѓу 20 милиони и една милијарда дози од својата вакцина во текот на 2021 година.

0 Коментари

Остави коментари