МНР организираше враќање на 69 македонски граѓани, 42 од Словенија и 27 од Турција
Foto

МНР организираше враќање на 69 македонски граѓани, 42 од Словенија и 27 од Турција

Македонското Министерство за надворешни работи во соработка со МНР на Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, денеска е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.

Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста.

0 Коментари

Остави коментари