Младите ќе дискутираат за подобри младински политики
Foto

Младите ќе дискутираат за подобри младински политики

„Замисли си желба за квалитетна младинска политика“ е темата на дискусијата по повод интернационалниот ден на младите.

Оваа година на 12-ти август најјасно ќе може да се забележи метеорскиот дожд на персеидите, па од младинскиот форум најавија дека ќе ја искористат метафората – замислување на желби за подобри младински политики и поактивно вклучување на младите особено во период формирање на нова влада, законодавен дом и надлежни ресорни министерства.

Дискусијата ќе опфати теми важни за младите, почнувајќи од квалитетно образование, вработување и отселување, сексуално образование, па се до ментално здравје, и младинско учество во општествените политики.

Идејата е да се изработи листа на препораки кои ќе се достават до надлежните институци од новата влада и собранието како ново-конституираниот законодавен дом.

0 Коментари

Остави коментари