Младинска акција по повод Меѓународниот ден на мирот во Струмица
Foto

Младинска акција по повод Меѓународниот ден на мирот во Струмица

Младинска акција по повод Меѓународниот ден на мирот ќе се одржи денеска во дворот на средното училиште „Никола Карев“ во Струмица со поддршка од Општина Струмица и проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието во соработка со Младински образовен форум.

Како што соопшти УСАИД, повеќе од 150 млади од различни етнички заедници ќе преземат волонтерска акција за хортикултурно уредување на дворот, бојадисување на металните и бетонските конструкции во дворот и испишување на пораки за мир на училишниот ѕид.

Учениците ќе организираат и хуманитарна акција за детското одделение во ЈЗУ „Општа Болница“, Струмица.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања.

0 Коментари

Остави коментари