Мизрахи ги посетила Јованови во Велес: МТСП веднаш ќе помогне со еднократна помош!
Foto

Мизрахи ги посетила Јованови во Велес: МТСП веднаш ќе помогне со еднократна помош!

Сторијата на колегата Владимир Тевчев за семејството Јованови кое живее во мизерни услови во Велес ги крена на нозе институциите. По соопштението од Центарот за социјални работи во Велес, на Фејсбук со соопштение се јави и министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

Семејството Јованови од Велес ќе добијат еднократна парична помош од Министерството за труд и социјална политика, а ќе биде разгледана и можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход.

Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на својот Fејсбук профил по посетата на домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина.

-Го посетивме домот на Јордан Јованов и неговата мајка Анѓелина затоа што условите во кои живеаат се загрижувачки. Очајно им е потребна помош и веднаш се заложуваме како Министерство во рамките на законските можности, да помогнеме со еднократна парична помош“ - напиша Мизрахи. 

Исто така и од Центарот за социјални работи во Велес ќе побараме веднаш да ги посетат и да се разгледа можноста за користење на правото за социјална пензија или годишен минимален приход. Мило ми е што веќе неколку приватни фирми се јавиле да понудат директна помош за станбениот дел.  Хуманоста побрза од државата, хуманите граѓани веќе се пријавија за помош.

0 Коментари

Остави коментари