Митрески: Раст на БДП од 13,1 отсто во вториот квартал, работите се менуваат на подобро
Foto

Митрески: Раст на БДП од 13,1 отсто во вториот квартал, работите се менуваат на подобро

Растот на бдп од 13,1 отсто во вториот кавртал покажува дека работите се менуваат и дека економските политики на владата даваат резултат - изјави пратеникот Јован Митревски од СДСМ. Очекува дека до крајот на годинава ќе се оставри проекцијата за раст на економијата од 4 ,1 процент.

- Последните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат историски раст на Бруто домашниот производ од 13,1 отсто во вториот квартал. Ова значи дека во првото полугодие од оваа година постигнат е раст на БДП од 5,6 проценти. Според проекциите, годинава се очекува раст од 4,1 отсто за цела 2021 година, со очекувања извозот да забележи раст од 10,6 отсто, бруто-инвестициите раст од 8 проценти. Истовремено, бележиме историски најниско ниво на стапката на невработеност од 15,9 со тенденција таа дополнително да се намали до крајот на годината. Дополнително, просечната нето-плата во државата континуирано расте и истата по вработен, во јуни 2021 година, изнесува 28.744 денари. Сето ова е потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ, потврда дека негативните последици од пандемијата се веќе надминати. - истакна Митревски.

0 Коментари

Остави коментари