Мислењето за автентичното толкување за Законот за помилување на владина седница
Foto

Мислењето за автентичното толкување за Законот за помилување на владина седница

Од Владата синоќа најава - мислењето за автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување кое е потребно да го даде Владата, за матичната Комисија да расправа за него, утре ќе биде на дневен ред на владината седница.

За Законодавната комисија да закаже седница на која треба да му предложи на Собранието заклучок, потребно е мислење од Владата.

Очекувањата од Владата се дека мислењето ќе биде позитивно во однос на предлогот на СДСМ.

Дека министрите ќе го донесат мислењето денеска, уште во петокот најави министерката за правда, Рената Десковска која го иницираше автентичното толкување, односно ги повика пратениците да го достават до Собранието.

0 Коментари

Остави коментари