Мисајловски: Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик
Foto

Мисајловски: Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик

Зошто владата не упати протестна нота до Бугарија по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје, праша денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Тој побара премиерот Зоран Заев да го каже својот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик.

„Зоран Заев молчи во врска со изјавите на врни бугарски политичари дека Гоце Делчев е бугарин, а македонскиот јазик дека е лингвистичка форма на бугарскиот. Заев со своето молчење ја понижува македонската нација и распродава нешто што не е негово, туку на народот. Господине Заев кој е вашиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик и зошто не реагирате на бугарските понижувања на нашата нација?! Дополнително зошто владата не упати протестна нота до Бугарија, по изјавата на Каракачанов дека ќе испрати армиски полк да ги руши спомениците на македонските револуционери во Скопје?! Дали господине Заев тргувате со Гоце Делчев и со македонскиот јазик?! И дали потклекнувате пред бугарските закани?! Вашето виткање на кичма резултира со понижена Македонија.“ - праша Мисајловски.

0 Коментари

Остави коментари