Минов: Правен основ за исплата на долгот на лозарите од винарските визби за грозје купено во 2014, 2015 и 2016 година
Foto

Минов: Правен основ за исплата на долгот на лозарите од винарските визби за грозје купено во 2014, 2015 и 2016 година

- „Има правен основ за исплата на долгот на лозарите од винарските визби за грозје купено во 2014, 2015 и 2016 година – и затоа верувам дека владата ќе има волја позитивно да се реши проблемот на лозарите“, изјави пратеникот Панчо Минов од Кавадарци. Пред три дена тиквешките лозари протестираа на градскиот плоштад во Кавадарци и побараа исплатата на грозјето предадено во 2015 и 2016 година во „Стефани винарија“ и „Повардарие“. Ако овие барања не бидат исполнети до 10 февруари, најавија блокади низ тиквешијата.

 

 

0 Коментари

Остави коментари