Министерството за земјоделство бара советник за доплнителен заменик министер, функција која во моментов ја нема
Foto

Министерството за земјоделство бара советник за доплнителен заменик министер, функција која во моментов ја нема

Советник за работи на дополнителен заменик министер – ова стои во огласот за вработување на министерството за земјоделие. Платата за оној што ќе советува изнесува 25.000 денари. Но, кој е тој дополнителен заменик министер, дали воопшто постои ваква функција и која е целта за вработување на советник - првиот човек на министерството, Трајан Димковски на денешниот прес во Владата не знаеше да одговори конкретно.

„Околу ова прашање искрено треба да погледнам конкретно за што се работи бидејќи ако зборуваме за советник кај дополнителните, заменик има право да донесе тројца надворешни и тројца внатрешни, така ги декларираат, но ќе проверам за да ви кажам точно да не шпекулирам сега во овој момент.“ - вели Трајан Димковски – министер за земјоделство водостопанство и шумарство.

ТВ 24 дополнително побара и на писмено одговори од министерството за земјоделие - кој е дополнителниот заменик министер, кои функции ги има во министерството и зошто му е потребен советник – но одговори до емитувањето на овој прилог не добивме.

На веб страницата на министеството во информациите за структурата стои министер, заменик министер и државен секретар, но никаде не постои дополнителен заменик министер.

Во огласот објавен од министерството освен советник за работи на дополнителниот заменик минстер, се бара и вработување на уште 40 тина други државни службеници.

Вработувањето на советници во Владата и во министерствата беа на удар на јавноста откако неодамна се обелодени дека листата на советници на Премиерот пораснала за 39 лица, по што во јавноста се отвори прашањето дали навистина има потреба од толку советници или само се измислуваат функции кои се плаќаат на грбот на граѓаните?

Инаку токму за советниците неодамна регираа и од ГРЕКО – антикорупциското тело на Советот на Европа. Од таму побараа не само премиерот туку и министрите да ги објават јавно своите советници. Јавноста треба да знае кој се ги советува министрите, за што им дава памет и за колку пари, порачаа неодамна од ГРЕКО.

0 Коментари

Остави коментари