МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ СЕ ЗАДОЛЖИ СО НОВИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА
Foto

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ СЕ ЗАДОЛЖИ СО НОВИ 80 МИЛИОНИ ЕВРА

Министерството за финансии се задолжи кај домашните банки и осигурителни компании за нови 80 милиони евра, а во наредните денови треба да врати 47 милиони по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност. Тоа значи дека нето задолжувањето денес е 33 милиони евра. Од Финансии велат дека овие аукции на државни хартии се однапред планирани и предвидени со буџетот за 2019.

0 Коментари

Остави коментари