Министерство за здравство - Реакција по објавен прилог на ТВ 24
Foto

Министерство за здравство - Реакција по објавен прилог на ТВ 24

Министерството за здравство реагира на прилогот објавен на ТВ24 со оглед на тоа што во него се изнесени податоци кои не кореспондираат со реалноста. Мерката за задржување на медицинскиот кадар во земјава функционира и таа се спроведува. Секое тврдење дека таа не функционира се заснова на паушални изјави, без факти и без обезбедена изјава од двете засегнати страни. На овој начин се дава погрешна слика во јавноста и поради тоа бараме извинување од вашиот медиум. Не станува збор за декларативна заложба туку за спроведена мерка која функционира. ТВ прилогот за четворицата студенти не соодвестува со реалноста со оглед на тоа што за нив постојат потпишани решенија за платен стаж од Здравствениот дом во Скопје, но истите одбиваат да ги примат со барање за постојано решавање на нивното вработување. Од страна на министерството за здравство им беше појаснето дека во моментов не можеме да покренеме иницијатива за вработување поради изборниот процес. Веднаш по завршувањето на изборниот процес оваа процедура ќе биде завршена. Како министерство остануваме отворени за сите прашања поврзани со нашата работа и бараме од вас како медиум да ја објавите нашата реакција со цел јавноста да се информира за реалната ситуација. Како министерство вложивме многу во во поглед на подобрување на состојбата на лекарската фела и нема да застанеме во нашата намера за постојано подобрување на условите за работа на здравствените работници во Северна Македонија“ се вели во реакцијата на министерството.

0 Коментари

Остави коментари