Министерот Османи реферираше пред пратениците за разговорите со Бугарија: Не се преговара за идентитетски прашања
Foto

Министерот Османи реферираше пред пратениците за разговорите со Бугарија: Не се преговара за идентитетски прашања

Не се преговара за идентитетските прашања ниту за јазикот со официјална Софија тврди шефот на дипломатијата Османи кој денеска реферираше пред македонските паратеници во Собранието.

Иако на покана на претседателот на комисијата за надворешна политика Милошовски сепак Османи не откри детали за нон пејперот со Бугарија бидејќи како што вели нема ништо официјално договорено а за идентитетските  прашања не се преговарало но се разговарало. 

За опозициските пратеници пак линијата меѓу разговори и преговори е тенка а на поканата која Османи им ја даде на пратениците доколу се заинтересирани поединечно секој да отиде во МНР за да види што содржи нон пејперот опозиционерите вратија - Министрите се тие кои треба да одговараат пред пратениците и нивна законска обврска е да доаѓаат  и да реферираат пред народните избраници.

Османи пак одговарајќи на пратеничките прашања се осврна и на Блаце, граничниот премин Клепало, но и не пропушти прилика да го спомне како придобивка користењето на краткото и долгото име за што пак пратениците на ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека токму скратеното име сега веќе асоцира на  како што велат територијална или географска одредница.

Расправата во текот на целиот ден во собраниската комисија беше во насока на тоа за што се разговарало на меѓувладината седница во Софија откако претходно владите на двете земји од претходните состави имаа уште две меѓувладини седници и тоа во Струмица и Ќустендил.

0 Коментари

Остави коментари