Министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка во посета на Македонија
Foto

Министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка во посета на Македонија

Во официјална посета во Министерството за одбрана на Северна Македонија денеска ќе престојува министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка.

Како што соопштија од МО, по церемонијата за пречек пред Министерството, предвидена е тет-а-тет средбата на министерките Радмила Шекеринска и Олта Џачка, како и средба на двете делегации.

Министерките ќе имаат средба и со премиерот Зоран Заев по која ќе дадат изјави за медиумите во медија центарот во Владата.

Министерката за одбрана на Албанија, Џачка ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

0 Коментари

Остави коментари