Министерката Амбер Руд ја напушти Владата на Борис Џонсон
Foto

Министерката Амбер Руд ја напушти Владата на Борис Џонсон

Британската министерка за труд и пензии Амбер Руд поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија.

Амбер Руд оцени дека заминувањето од ЕУ без договор не може да биде главната цел на британската влада, јави Би Би Си.

Според неа, исклучувањето на 21 пратеник на Конзервативната партија претставува „напад на пристојноста и демократијата“.

Претставник на владиниот кабинет рече дека се „разочарани од оставката на талентираната министерка“.

Британските медиуми оценија дека ова претставува уште еден удар за премиерот Борис Џонсон.

0 Коментари

Остави коментари