Минесота подобра од Мајами, Лејкерси убедливи против Шарлот
Foto

Минесота подобра од Мајами, Лејкерси убедливи против Шарлот

Екипата на Минесота ноќеска забележа триумф над Мајами со 116:109. За Тимбервулвс, ова е трета последователна победа на почетокот на сезоната.

Во нивниот состав, Ендру Вигинс постигна 25 поени.

Домашниот терен им донесе среќа и на Лос Анџелес Лејкерс кои со убедливи 120:101 беа поуспешни од Шарлот хорнетс.

На третиот натпревар од НБА лигата ноќта меѓу недела и понеделник Портланд како гостин го победи Далас со 121:119.

Минесота, Сан Антонио и Деневер од Запдната конференција, односно Атланта и Филаделфија од Истокот се без пораз по почетните кола во најсилната светска кошаркарска лига.

 

0 Коментари

Остави коментари