МИНЕСОТА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА КРШЕЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ПРАВА ПРОТИВ ПОЛИЦИЈАТА ВО МИНЕАПОЛИС
Foto

МИНЕСОТА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ЗА КРШЕЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ПРАВА ПРОТИВ ПОЛИЦИЈАТА ВО МИНЕАПОЛИС

И покрај мирните дневни протести, ноќта ја одбележа насилство и кражби и покрај полицискиот час во повеќето американски градови во обид да се одржи редот по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис. Американскиот претседател Доналд Трамп го засили притисокот на гувернерите да ја повикаат националната гарда, откако претходно се закани со воена акција против нередите и кражбите. Во Вашингтон оклопни возила, војска и полицијата беа на улиците. Како и во Вашингтон, и во Њујорк демонстрантите одбија да го почитуваат полицискиот час. На Бруклинскиот мост полицијата ги блокираше, а потоа и ги растера демонстрантите. Повеќе демонстранти се уапсени, главно поради кражби и уништување на имоти. Повеќето американски граѓани ги поддржуваат протестите низ целата земја и се спротивставуваат на одговорот на американскиот претседател Трамп на протестите, се наведува во истражувањето спроведено од Ројтерс и Ипсос.

„Нема да му дозволиме на Трамп да ја уништи нашата демократија“.

Одлуката на Трамп да ја внесе армијата во сузбивање на протестите, предизвика реакции кај оние кои администрацијата ја сметаат како аполитична. Дел од демонстрантите во Минеаполис ги изнесоа нивните причини за протестите и искуствата со полицијата.

„Да бидеш афроамериканец во Америка може да се опише во три збора, дозволими да живеам. Мојата војна не е против полицијата, мојата војна е против системот што ни го оневозможува полицијата“.

„Тешко е да се каже дека Америка е ветена земја во која многумина сакаат да дојдат. Овие случувања ги убиваат малцинствата, можам да кажам афроамериканците кои се главно малцинство. Го мразам начинот на говор во оваа земја и се прашувам што се случува“.

Јавниот обвинител на САД нареди полицијата да ги оддалечи демонстрантите кои се собраа околу Белата куќа. Полицијата, најпрво ги предупреди, а потоа интервенираше за да ги оттргне демонстрантите. Поранешниот американски претседател Џорџ Буш помладиот изјави дека убиството на Џорџ го одразува „шокантниот неуспех“ на борбата на земјата против расизмот и ги повика властите да ги послушаат барањата на демонстрантите. Во САД веќе осми ден се одржуваат протести во повеќе градови во една од најголемите кампањи за граќански права, против полициското насилство и расната нееднаквост. Во досегашниот биланс, најмалку 11 луѓе се убиени, а десетици се повредени при интервенцијата на полицијата, од непознати напаѓачи и крадци. Немирите почнаа во Минеаполис, а се проширија во целата држава по смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина во болница откако полицаецот Дерек Шовин го држеше со колено на вратот околу девет минути, додека тој молеше да биде ослободен извикувајќи дека не може да дише. Полицаецот е обвинет за убиство од трет степен.

0 Коментари

Остави коментари