Минеаполис се збогуваше со Џорџ Флојд, за денеска најавен голем протест во Вашингтон
Foto

Минеаполис се збогуваше со Џорџ Флојд, за денеска најавен голем протест во Вашингтон

Нов инцидент поврзан со полицијата во Соединеттие американски држави. 75 годишно лице се наоѓа во критична состојба откако учествувало на протестите во градот Бафало.

Од полицијата првично соопштиле дека лицето само паднало но откако се појавила снимката во јавноста, била отворена истрага а двајца полицајци се суспендирани.

Видеото беше објавено само неколку часа откако се оддржа комеморација за Џорџ Флојд, афроамериканецот кој беше убиен во Mинеаполис. Познати личности, активисти за граѓански права, политичари, обични граѓани, пријатели и семејството на убиениот стоеа во тишина осум минути и 46 секунди, односно времето колку што полицаецот Дерек Шовин го држел коленото на вратот на жртвата.

„Она што му се случи на Флојд, се случува секој ден во оваа држава. Тоа го има во образованието, во здравството, насекаде. Време е да станеме и во името на Џорџ да кажеме: Тргнете го коленото од нашиот врат. “ - изјави свештеникот Ал Шaрпто.

Убиството на Флојд, предизвика бран протести против расна дискриминација и полициско насилство ширум градовите низ САД и и низ светот.

Продолжува судирот помеѓу Доналд Трамп и Твитер. Компанијата блокирала видео објава на профилот на изборниот штаб на претседателот на САД, во која тој му оддава почит на Џорџ Флојд. Во објавата имало снимка во комбинација со фотографии, а претседателот ги коментирал фотографиите и полициското убиство во Минеаполис. Во образложението на твитер се наведува дека видеото кое го објавил американскиот претседател се коси со политиката за заштита на авторските права на компанијата.

0 Коментари

Остави коментари