Милвоки со 18 победи по ред, Дончиќ се повреди
Foto

Милвоки со 18 победи по ред, Дончиќ се повреди

Екипата на Милвоки бакс лесно го совлада Кливленд кавалирс, и дојде до 18-тата победа едноподруго во кошаркарската НБА лига, со што дојде на два триумфа од клупскиот рекорд поставен во нивната шампионска сезона 1970/1971.

Бакс на свој терен има 13 победи по ред, а има и 4:0 на вториот меч, кога игра два дена по ред. Со 24 победи и три порази, тие се тим со најдобар учинок во лигата.

Детроит приреди изненадување со победата во Хјустон, во меч на кој Џејмс Харден постигна „само“ 39 поени, откако на претходните две средби даваше барем 50. Далас по продолжение загуби од Мајами, а лоша вест за Маверикс е повредата на Лука Дончиќ. Снимките покажале дека Словенецот нема скршеница, туку истегнување на мускул во скочниот зглоб.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ ОДИГРАНИ НОЌТА САБОТА КОН НЕДЕЛА: Торонто – Бруклин 110:102, Чикаго – ЛА Клиперс 109:106, Мемфис – Вашингтон 128:111, Далас – Мајами 118:122, Милвоки – Кливленд 125:108, Денвер – Оклахома сити 110:102, Хјустон – Детроит 107:115.

0 Коментари

Остави коментари