МИЛОШОСКИ ЈА ДОСТАВИ ДО РУСКОВСКА „БОМБАТА“ КОЈА ЈА ПУШТИ ВО СОБРАНИЕ
Foto

МИЛОШОСКИ ЈА ДОСТАВИ ДО РУСКОВСКА „БОМБАТА“ КОЈА ЈА ПУШТИ ВО СОБРАНИЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Јавното обвинителство и ја предаде аудио снимката на обвинителката Вилма Русковска која минатата недела ја пушти од собраниската говорница. На неа, како што рече, се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев кој со непознато лице разговара за финансирањето на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски. Милошоски вели дека дал само еден разговор, оној кој го пушти на седница на собраниската комисија, но не и материјал за кој бараше дозвола да го презентира на пленарна седница, за што не доби дозвола од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Дадов сѐ што имам, ако добијам други материјали, ќе ги доставам и тие. Направивме уреден запис и обвинителката рече дека ќе го вметне како доказ во обвинението за ‘Меѓународниот сојуз‘. Ова дава сомнеж дека Зоран Заев знаел како се финансирал Сојузот, а помагал и при финансирањена 1ТВАнтонио Милошоски.

Милошоски пак кој е дел од случајот „Моќник“, на новинарско прашање дали прашал до каде е овој случај, кој е исто така во надлежност на обвинителството на чие чело е Русковска, вели дека немал причина да се интересира за тој случај. Милошоски во „Моќник“ се сомничи дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе со што била нанесена штета на државниот буџет од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.

Од обвинителството писмено соопштија дека обвинителката Русковска се сретнала со пратеникот Милошоски и дека материјалот што тој го доставил ќе го анализираат по што ќе донесат јавно обвинителска одлука.

Денеска во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. На средбата Милошоски достави аудио материјал за кој по преслушувањето и анализа на истиот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за понатамошно користење на материјалот.“ - ОЈО.

Реагираше партијата на Заев. Портпалот на СДСМ вели дека е убеден дека не станува збор за никакво компромитирање на Заев, туку вели дека станува збор за сериозен страв и паника кај Милошоски по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство.

„Знаете во Собрание човекот беше избезумен, што ли не реплицираше, кави ли не се лаги фрлаше од собраниска говорница.Знаете станува збор за човек којшто имавме можност како граѓани да го слушнеме како го договара името по телефон, имавме можност да слушнеме како договара лустрација само заради тоа што некој човек не му бил нему симпатичен.“ - Костадин Костадинов – Портпарол на СДСМ.

А со реакција денеска се јави и братот на лидерот на СДСМ, Вице Заев кој преку писмено соопштение тврди дека ниту тој, ниту неговото семејство немаат никаква врска со случајот Рекет, а ги демантира и тврдењата на опозицијата дека тој се среќавал со осомничените во предметот и дека го има на некакви снимки.

0 Коментари

Остави коментари