Милијана Павловска: Три години не пишував ништо, но не можев да издржам, го напишав 16. роман
Foto

Милијана Павловска: Три години не пишував ништо, но не можев да издржам, го напишав 16. роман

„Промовирам 14-та книга кај вас. Во 2013-та беше првата книга. Напишани се 15 дела, издадени се 14, март-април би требало да се промовира најновото дело. Мојата 13-та книга `Близначки` на 6 март се објави и почна пандемијата на коронавирусот. Книгата се продаде за неполн месец. `Повторно се сретнавме` е последната книга. Изминативе 3 години немав ставено ниту една точка, но во ноември 2020-та им реков на моите, јас морам да пишувам, не можам да издржам. Од 16-тиот роман веќе 130 страници се напишани, и насловот го имам, ќе се вика `Ти си мојот живот`. Богата книга со емоции, како што се сите мои“. Имам многу инспирација, а не ми треба многу од една тема да ја развијам приказната. Пишувам лесно, сами нови личности се појавуваат - вели писателката Милијана Павловска во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари