Милевски во локална самоуправа, Дураку во политички систем, Нуредини во животна средина?
Foto

Милевски во локална самоуправа, Дураку во политички систем, Нуредини во животна средина?

25 јуни е датумот резервиран во собранискиот календар за реконструкцијата на Влада на Зоран Заев, најавуваат за тв 24 собраниски извори. Според истите извори, тоа би значело дека до крајот на неделава Заев би треебало предлогот да го достави во Собранието.

Дека смените, но и новите фаворири за Илинденска бр 2 ќе се знаает до крајот на неделава, вчера најави и премиерот. Дотогаш според партиски извори во ДУИ не се очекува нова средба со коалицискиот партнер Али Ахмети, бидејќи како што велат од мала Речица за тв 24 –реконструкцијата меѓу Заев и Ахмети е испеглана. Според истиот извор тоа значи дека Садула Дураку останува во Влада, но на нова позиција – министер за политички сиистем во новото министерство.

Според ДУИ, на негово место во животна средина ќе дојде банкарот Насер Нуредини, син на познатиот австриски бизнисмен Аки Нуредини по потекло од тетовско Камењане. Според Хазби Лика ќе треба да биде рарешен. Од Мала Речица велат дека метлата ќе смете и 5 мина нивни директори, но досега не се прецизирани нивните позиции.

И ако метлата кај Ахмети според неговиот функционер е завршена работа со како што вели една ротација, една смена и еден нов министер, на Бихаќка се чини работа е малку посложена. Нема инфорамции дали Заев се согласил со инсиситирање на Ахмети Дураку да остане во Владата, но велат ако се случи тоа нема да биде единстведна ротација на министерства.

Според информациите, во кабинетот на Заев велгува лидерот на ЛДП ГОРАН Милевски како министер за локална самоуправа, партијата на Весел Мемеди, која досега министеруваше со ова место, го добива безресорното на Шапуриќ, кој пак ќе се сели на нова директорска позиција, но не е презицрано која, иако се споменува инспекторатот на животна средина. Неизвесно е се уште е и дали култура ќе остане кај Алтернатива на Африм Гаши. Оттаму за тв 24 велат дека очекуват деновиве да се расчистат работите со Заев.

Но кој од големите министерски имиња ќе го смете метлата на Заев.На Бихаќка воздржани, велат картите се единствено во рацете на премиерот. Дел од функционерите првата паралела меѓу новиот ИО и министерските смени, мислејќи го изборот во партиското тело на Драган Тевдовски, а повикувајќи дека најавите за смена во економските сектори. Сепак Тевдовски викендов најави дека тој изминатиов период книжел резултат, најспоменуванот министер за смена Горан Сугатрески, невоспитано било да коментира. 

Заев треба да го пополни и местото на Љупчо Николовски во земјоделство, откако тој стана генерален секретар на партијата. Директорските фотелији ќе ги напуштат и околу 20 директори, а први на листата на Заев ќе бидат оние кои изминатива година ја брануваа јавноста со скандали за спорни тендери и јавни набавки.

0 Коментари

Остави коментари