Милевски: Дојран ќе продолжи да се развива – инвестираме во уредување на езерското крајбрежје
Foto

Милевски: Дојран ќе продолжи да се развива – инвестираме во уредување на езерското крајбрежје

Министерството за локална самоуправа преку програмата за рамномерен регионален развој со 4.243.000 денари ја финансира реализацијата на проектот „Хортикултурно и партнерно уредување на езерското крајбрежје и формирање на плажа на овој дел од брегот на Дојранското Езеро“, а општината учествува во негово кофинансирање со 400.000 денари.

 

– Секоја година преку програмата за рамномерен регионален развој Министерството за локална самоуправа финансира проект за подобрување на условите за развој на туризмот во Дојран. Годинава, Центарот за развој врз основа на утврдените приоритети го предложи овој проект, а Министерството за локална самоуправа покрај овој проект во Дојран, финансира уште 13 други проекти за развој на Југоисточниот плански регион, за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, во вкупен износ од 44,4 милиони денари. Дојран имплементира проект со општината Кукуш, кој што е финансиран од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција за заштита на екосистемот во пограничниот регион, во вкупна вредност од 1.4 милиони  евра, појасни, министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Според него, Дојран ќе продолжи да се развива со финансиска поддршка на проектите за развој на планскиот регион, но и со средства од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка, што исто така ја координира Министерството за локална самоуправа.

 

– Со средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, во Дојран се реализира проект за заштита и природното и културното наследство и пристапот до него. Проектот се спроведува во соработка со бугарската општина Невестино, а е во вредност од 0,5 милиони евра, нагласи Милевски.

Министерството за локална самоуправа тој наведе дека со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов взаемно се договарале за плановите на Општината за идниот локален развој, за поголемо вложување во инфраструктурата и во уредување на плажите, затоа што Дојран располага со голем капацитет на легла, особено во приватното сместување за кои што е потребна и соодветна инфраструктурна опременост.

 

– Дојран е значајна туристичка дестинација во нашата земја, поради Дојранското Езеро, но и поради граничниот премин со соседна Грција. Покрај домашните туристи, во Дојран престојуваат и гости од Грција, особено во деновите на викенд. Традиционално, жителите од Југоисточниот плански регион се ориентирани кон Дојран, а со манифестацијата Д-фестивал, Дојран стана атрактивна дестинација и за сите млади луѓе од земјата. Сето ова говори дека потенцијалите на Дојран и на Дојранското Езеро се значајни за поттикнување на развојот во овој регион и треба да се вложува во нив, изјави Ангов.

0 Коментари

Остави коментари