Мицкоски во 24 Отворено: Овој неуставен елемент каков што е сега ваков СЈО, нема да постои
Foto

Мицкоски во 24 Отворено: Овој неуставен елемент каков што е сега ваков СЈО, нема да постои

Првата наша сугестија е дека овој неуставен елемент каков што е сега ваков СЈО, нема да постои, односно се бара начин да влезе во рамките во Јавното обвинителство. Нашиот став е имаме одделение за организиран криминал икорупција, да го споиме, зошто да креираме ново одделение кое ќе биде пак определен политички компромис. Првиот принцип е да го инкорпорираме СЈО во рамките на одделението за гонење на криминал и корупција. - изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на Отворено.

Второ бараме јавен обвинител на биде на предлог на опозицијата. Третиот принципи е да не важат бомбите, се што е до 30 јуни 2017 согласно законот за СЈО, нека си има завршница, а после тоа да се покрене одговорност зошто некој постапувал спротивно законите, некој неовластен тужител ја злоупотрбил својата службена позиција и должност и отпочнал предистраги и истраги, дури поднесол определни обвиненија и зошто некој од судиите ги прифатил тие обвиненија - истакна Мицкоски.

Тој истакна дека се залага да се вратат тие обвиненија кај овластен тужител и тој овластен тужител е јавниот обвинител и тој да постапува по допрен глас. Тој потенцираше дека доказите се собрани од невластен тужител, од човек кој нема легимитет. 

„Не можеме ние да интервенираме во процесите. Може тие дела ако постојат, нека си ги соберат доказите ако постојат, ние не сме против тоа.“ - изјави Мицкоски.

0 Коментари

Остави коментари