Мицкоски: Се фокусираме на преговори за нова Влада
Foto

Мицкоски: Се фокусираме на преговори за нова Влада

- За мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе со програмата што ја нуди таа политичка опција. Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група „За обнова на Македонија“, не сметам дека постои некој што ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ, рече денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по конституирањето на новиот собраниски состав.

Тој рече дека со Заев единствено се согласува дека е потребно формирање стабилна, реформски ориентирана влада, без коруптивни афери, во која ќе партиципираат луѓе необременти со коруптивни афери и криминал, која ќе ги спроведе реформите и на која притоа приоритет ќе и бидат судтсвото, здравството и образованието.

0 Коментари

Остави коментари