МИЦКОСКИ: МАКЕДОНИЈА ЕКОНОМСКИ ТОНЕ А ДРЖАВАТА ОДИ ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ
Foto

МИЦКОСКИ: МАКЕДОНИЈА ЕКОНОМСКИ ТОНЕ А ДРЖАВАТА ОДИ ВО ПОГРЕШЕН ПРАВЕЦ

Денес од Зоран Заев и СДСМ во салата Борис Трајковски ќе чуете многу лажни вести и како слепата улица во која ја доведоа државата ќе ја прикажуваат како прав пат, порача денеска првиот опозиционер Христијан Мицкоски. Наместо економски бум имаме економско цунами – ВМРО ДПМНЕ со рецензија на економските политики на Владата.

Наместо најавените 5 проценти раст, БДП не е ни на половина. Падот во преработувачката индустрија е алармантен, а не е постигната ниту просечната плата од 30.000 денари која се ветуваше во предизборие. Не се релизираше ниту ветувањето за намалување на данокот за 5% во ИТ инустријата, а расте и разликата помеѓу увозот и извозот– обвинува Мицкоски.

„Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра, со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е истата, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал. Споредбено 2018, во 2019 година има разлика во извоз со увоз за цели 12.4%, во корист на увозот .“ - Христијан Мицкоски – Лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски тврди дека со СДСМ се договориле веднаш по завршувањето на овие избори да седнат и да преговараат за измена на Изборниот модел. Според неговите тврдења, имало два заклучоци. Опозицијата и рекла на власта да изберат еден, но СДСМ се попишманиле.

Е сега, имаше два заклучока, и им рековме еве изберете, консултирајте се вие во партија, како ќе каже Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, бидејќи друг преговара и кажете ми тој заклучок ќе биде. Потоа, ни се јавија и ни рекоа а ова е премалку за нас, се откажуваме. Заеднички го договоривме, заеднички се сложивме, еве ајде да видиме. Но, тоа не е прв пат, така беше и за законот за јавно обвинителство, така е и сега, немаат стратегија, конфузни се, збунети се внатре, она што навистина можам да го кажам е разочарување. И потоа го гледам кажува зошто сме поднеле толку амандмани. - Христијан Мицкоски – Лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски најви подобри денови за економијата кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, а опозицијата од утре најавува и анализи за тоа како власта ги трошела народните пари и како ги финансирале предизборните камапањи.

0 Коментари

Остави коментари