Мицкоски: Ако владата прифати писмени гаранции тоа ќе биде капитулација пред Бугарија

Доколку Владата го прифати барањато на бугарскиот претседател на Бугарија Румен Радев упатено до неговиот француски колега Емануел Макрон за добивање писмени гаранции дека земјава ќе го испочитува договореното со Бугарија, тоа ќе значи комплетна капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Со други зборови, асимилација и европска иднина или никогаш нема да имаме европска иднина. Тоа е изборот, немаме трета опција, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, Радев сака сите барања на Софија, кои се темелат на декларацијата од бугарскиот Парламент од 2019 година, да бидат содржани во преговарачката рамка, најверојатно како поглавје.