Мицко Дамњановски е новиот уметнички раководител на Националната опера и балет
Foto

Мицко Дамњановски е новиот уметнички раководител на Националната опера и балет

Националната опера и балет доби нов уметнички раководител на Операта, Мицко Дамњановски. Toj доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска која беше уметнички раководител од септември 2017 до 2021.

Мицко Дамњановски 2002 година дипломира на факултетот за Музичка уметност, отсек - туба, а магистрирал 2006 година  на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек - туба. Пред вработувањето во оркестарот на Националната опера и балет во 2007 година, кратко време работел во Бриселската Филхармонија.

Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика FAMES, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени (Биг бенд, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист  во Нишкиот Симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски Симфониски оркестар. Основач е на БРАССТЕТ СКОПЈЕ во 2019 година со настапи на Охридско лето и други фестивали низ републиката.

0 Коментари

Остави коментари