МЕШОВИТАТА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ЕКСПЕРТСКА КОМИСИЈА УТРЕ И ЗАДУТРЕ НА НОВ СОСТАНОК ВО СОФИЈА
Foto

МЕШОВИТАТА МАКЕДОНСКО-БУГАРСКАТА ЕКСПЕРТСКА КОМИСИЈА УТРЕ И ЗАДУТРЕ НА НОВ СОСТАНОК ВО СОФИЈА

Нова преговарачка рунда на мешовитата македонско – бугарска експртска комисија во Софија. Следните два дена ќе се утврдуваат препораките до владите на двете држави за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение според бугарскиот образовен систем и за седмо одделение според македонскиот образовен систем, коишто ги опфаќаат средновековниот период од историјата и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев. Средбата е продолжение на претходната, која се одржа во Скопје во јуни, до крајот на годината се предвидени уште две средби. Досега од состаноците е препорачано на владите на двете држави заеднички чествувања на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил, како и препораки за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

0 Коментари

Остави коментари