Мерки за вработување и за задржување на млади информатичари
Foto

Мерки за вработување и за задржување на млади информатичари

Со нешто повеќе од 500 илајди евра ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица до 34 години. Ваквата мерка, според владата следува по анализите направени на пазарот на труд , особено во ИТ секторот во кој опстојуваат повеќе од 2.000 компании кои се соочуваат со дефицит на кадар. Во обид да се обезедат нови вработувања и да се задржат младите во земјава, направен е план за обука на млади луѓе кои би се квалификувале токму за оваа индустрија.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска рече дека годинава очекува успешна реализација на обуките и очекува што повеќе апликации во агенцијата.

Во информациско комуникацискиот сектор се вработени околу 18.000 лица и според статистиките во оваа индустррија платите се повисоки од републичкиот просек. ИТ секторот во изминатите 5 години расте со стапка од 47%.

Сепак – забележително е дека младите луѓе кои имаат познавања од оваа облааст или завршени соодветни студии често ја напуштаат земјава. Според податоците на Агенцијата за вработување од вкупно обучените луѓе преку овие мерки, половина се вработуваат, што се смета за позитивен ефект.

Во моментов бројот во земјава има речиси 7 700 слободни работни места, најмногу во Скопје, а според занимања најмногу слободни места има за прадавчи, хигиеничари, келнери, програмери, возчи на камион.

На крајот од првото економско полугодие вкупниот број на невработени, активни и пасивни, изнесувал 189 506 лица, а стапката на невработеност изнесувала 17,5% .

0 Коментари

Остави коментари