Меркел со поддршка на Договорот од Преспа
Foto

Меркел со поддршка на Договорот од Преспа

Вниманието на грчките медиуми по средбата на Ангела Меркел со Алексис Ципрас го монополизираше ставот на германската канцеларка во однос на Договорот од Преспа, а се чини дека токму решението меѓу Македонија и Грција била една од главните теми на разговорите во премиерската палата во Атина. На прес-конференцијата по средбата со Ципрас, Меркел го користеше името Северна Македонија за нашата земја и рече дека Договорот од Преспа не носи придобивки само за Северна Македонија која може да стане членка на НАТО и ЕУ, туку е во корист и на Грција и на цела Европа, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер од своја страна рече дека Договорот од Преспа може во иднина да биде модел за решавање на спорови. Германската канцеларка, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тврдењата на лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис за размена на договорот за името со пензиите, рече дека „не постои никаква врска меѓу активностите за прашањето за името и прашањето за економските реформи“ и додаде дека е изненадена што требала да споменеме нешто такво. Освен со Мицотакис, Меркел денеска ќе се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

0 Коментари

Остави коментари