Меркел најави еколошко партнерство со Индија
Foto

Меркел најави еколошко партнерство со Индија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината земја во наредните пет години, во рамки на новото германско-индиско партнерство, ќе потроши една милијарда евра за проекти за зелена урбана мобилност.

Меркел, која е во придружба на деловна делегација, започна разговори со индискиот премиер Нарендра Моди, кои ќе се фокусираат на трговијата, инвестициите, регионалната безбедност и климатските промени.

Најавените средства ќе се употебат за финансирање на неколку проекти кои се однесуваат за заштита на животната средина, како што е воведување електрични автобуси во јавниот градски превоз.

Германија е најголем трговски партнер на Индија од Европа и повеќе од 1.700 германски компании работат во таа земја.

0 Коментари

Остави коментари