МЕРКАТА ЗА ДРЖАВНА ПОДРШКА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА КОРИСТАТ РАБОТОДАВАЧИ КОИ РЕДОВНО ИСПЛАЌАЛЕ ПЛАТА
Foto

МЕРКАТА ЗА ДРЖАВНА ПОДРШКА ЗА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА КОРИСТАТ РАБОТОДАВАЧИ КОИ РЕДОВНО ИСПЛАЌАЛЕ ПЛАТА

Министерството за труд и социјална политика го објави предлог законот за државна подршка за повисоки плати. Мерката ќе може да ја користат работодавачи кои редовно исплаќале плата на своите вработени, а не користат друга финансиска помош за вработување. Во законот стои дека работодавачот не мора да бара државна помош за сите вработени. Туку може да си избере неколку работници на кои сака да им ја зголеми платата. При поднесување на пресметка до УЈП треба гo означи работникот за коj бара субвенционирање. Помошта ќе следи за платите кои ќе бидат зголемени од 600 до 6000 денари од 1 октомври. За тој дел тие ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси три години.

Премиерот Заев очекува со оваа мерка да се врати средната класа која изминатите триесеттина години се изгубила. 

Бизнисот ја поздравија владината мерки но во Стопанската комора го дочекаа вицепремиерот Анѓушев со низ барања кои според нив мора попрво да се решат. 

Предлог законот за државна помош за зголемување на платите ќе биде на јавна расправа на ЕНЕР во следните 19 дена, по што ќе биде доставен до Собранието. Со ребаланост за оваа  мерка ќе се издвојат 6,5 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари