Мерцедес неприкосновен и во Франција, нова пол-позиција за Хамилтон
Foto

Мерцедес неприкосновен и во Франција, нова пол-позиција за Хамилтон

Третпат во 2019-та Луис Хамилтон освои пол-позиција, овој пат пред тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас на второто и Шарл Леклер од Ферари на третото место.

Макс Ферстапен од Ред Бул го комплетира вториот ред, а изненадувања приредија возачите на Мекларен, пласирајќи се на петтата и шестата позиција, Норис, па Сајнц. Најголемо разочарување е Себастијан Фетел, кој заврши дури седми, откако се соочи со проблеми со менувањето брзини баш во третата, решавачка сесија од квалификациите.

Ова е 86. пол-позиција за Хамилтон, а со тоа што завршија 1-2 со Ботас, го пробија Мерцедес на врвот на вечната листа во оваа категорија, со 63 пласман 1-2 на квалификациите, пред Вилијамс, Ферари и Мекларен со по 62.

0 Коментари

Остави коментари