Мерцедес гази безмилосно: Хамилтон пред Ботас во Барселона
Foto

Мерцедес гази безмилосно: Хамилтон пред Ботас во Барселона

И во петтата трка од стартот на сезоната Мерцедес прослави 1-2 победа, овој пат Луис Хамилтон беше прв, а Валтери Ботас заврши втор, иако ја имаше пол-позицијата. Токму во почетните метри од трката во Барселона, Хамилтон ја доби трката престигајќи го Ботас, а потоа го задржа водството со добро менаџирање на гумите.

Идентично како и минатата година, подиумот го дополнија Ботас и Ферстапен, кој успеа да го престигне Фетел уште во првиот круг, а потоа со одлични два питстопа да го задржи третото место. Поредокот не го наруши ниту безбедносното возило, кое мореш да излезе на патеката во 47. круг, откако Норис и Строл имаа инцидент, по кој отпаднаа од конкуренција. Со петтата 1-2 победа едноподруго, Мерцедес се изедначи со Вилијамс, кој го направи истото во 1991 година.

Три од тие победи се на Хамилтон, кој сега го презеде водството во генералниот пласман со 112 бода, последниот од нив заработен со најбрз круг денеска. Втор е Ботас со 105, а Ферстапен со 64 го потисна Фетел на четвртото место. Следната трка се вози во Монако, на 26 мај.

0 Коментари

Остави коментари