Мехмедовиќ за тв24: Голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните
Foto

Мехмедовиќ за тв24: Голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните

Злате Мехмедовиќ лекар во ковид центар во емисијата 24 анализа рече дека е јавното здравствои е преоптер5етено и проблемите се јавуваат кога одредена категорија на граѓани немаат финансии и услугите ги бараат во приватните болници.

„Затоа голем дел од приватните болници остваруваат профит на грбот на граѓаните кои немаат доволно пари и заложуваат куќи, станови, за да може да си го платат лекувањето или да добијат кревет.“ - вели доктор Мехмедовиќ.

Слободните места се бројат и се чека испис за да се добие слободно место, вели доктор Мехмедовиќ. Оваа варијатна на вирусот е изразито агресивна и прави тешки проблеми, во делот на инфламаторните маркери кај клиничката слика кај пациентите. Доколку нема доволен број на кревети, има сериозен проблем некој да остане без здравствена заштита, потенцира доктор Мехмедовиќ.

0 Коментари

Остави коментари