Медичи
Foto

Медичи

Медичи биле олигархиско семејство, чии претставници помеѓу 12 и 17 век постојано бил владетели со Фиренца. Од династијата Медичи произлегле римски папи, неколку членови на кралското семејство на Франција. Династија Медичи ја претворила Фиренца во еден од светските културни центри на ренесансата. Во градот биле создадени голем број уметнички дела. Медичи подржувале голем број на уметници и архитекти, мецени на уметниците Леонадро Да Винчи и Микеланџело Буанароти. Најбогатото банкарско семејство на чело со Козимо како зачетник на најбогатата Династија, во кое зад кулисите се одвива безмислосна борба за доминација. Од списокот на даночни обврзници во 1343 година се гледа дека таму се присутни 32 глави на семејства, што значи дека фамилијата Медичи веќе била претворена во голем клан. Тие имале неколку имоти во градот и селата и учествувале во банкарските дела и трговијата. Во периодот 1300-1330 година веќе имале сопствена банкарска канцеларија, а во периодот 1291-1341 година 28 пати биле избирани во градската управа, но главно на незначителни позиции и никогаш на клучни позиции.

Серијата го следи животот на Медичи во 14от век кога Козимо Медичи (Дастин Хофман) открива дека неговиот татко Џовани е убиен од некој од семјството. Неговата истрага се насочува кон откривање на убиецот, но и заштита на имотот на семејството и неговата моќ. Серијата се емитува од 1 до 8 јануари секој ден од 20.45 и репризно следниот ден од 14.35.

Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto Foto

0 Коментари

Остави коментари