„Медена земја“ во потесниот избор за номинации во две категории за наградата Оскар
Foto

„Медена земја“ во потесниот избор за номинации во две категории за наградата Оскар

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ влезе во потесниот избор на годинешниот номинации за наградата Оскар за најдобар документарец и странски филм.

Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории од кој што на 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за Оскар.

Во конкуренција од 159 документарни филмови, нашиот документарен успеа да влезе во потесниот избор на 15 одбрани, од кои академијата ќе одлучи кои ќе влезат и во официјалната конкуренција.

„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.

Оскарите следната година ќе се доделуваат малку порано од вообичаениот термин, на 10 февруари во Долби театарот.

Членовите на академијата до 7 јануари ќе гласаат за потесниот избор и на 13 јануари ќе се изберат по пет номинирани филмови за секоја категорија.

Foto

0 Коментари

Остави коментари