„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ
Foto

„МЕДЕНА ЗЕМЈА“ НА НАСЛОВНИТЕ СТРАНИ

Еуфоријата на македонската но и странската јавност, по историските две номинации за документарниот филм на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска сеуште не стивнуваат.

Главна вест во земјата и регионот и понатаму е историскиот успех на документарниот филм за последната жена одгледувач на диви пчели Атиџе – Медена Земја .

За прв пат во 92 години одржување на Оскарите, еден документарен филм е номиниран и во категорија најдобар странски филм .

За Македонија ова е историски успех , кој отвора нови хоризонти на македонскиот филм.

„Браво !!! Македонскиот документарен филм доби дури 2 номинациии за оскар! Упатените велат дека ќе добие најмалку еден!“, „Како филм од Македонија влезе во историјата на филмот ?“, „ „Медена Земја“ испиша историја на Оскарите!“.. се само дел од насловите, кој пренесуват за успехот на македонскиот документарен филм. Реакциите не стивнуваат и кај домашната јавност.

Социјалните мрежи се преплавени со медени коментари и илустрации во знакот на Атиџе и Медена земја.

Актери, пеачи, политичари, и целокупната македонска јавност со искрени честитки и поддршка за Медена Земја.

 

И така благодарение на успехот на Медена Земја, Македонија заборави на момент на секојдневните проблеми и се увери во моќта на културата .

Успехот на Медена земја претставуваше и инспирација и за македонските уметници и креативци кои низ илустрации ја прикажаа возбудата и радоста за двете номинации .

По објавувањето на номинациите, Младинскиот центар во Скопје веќе најави и организрано и групно следење на доделувањето на наградите Оскар, кој се закажани за 9 февруари.

0 Коментари

Остави коментари