Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична“
Foto

Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична“

Тага, гнев и разочарување меѓу жителите на Бејрут по силната експлозија во која животот го загинаа повеќе од сто нивни сограѓани, а илјадници завршија со повреди. Неодговорноста на владата и широко распространетата корупција, за граѓаните на Либан е единствениот виновник за несреќата.

Целосно е уништено пристаништето преку кое стигнуваат најголем дел од производите во државата, оштетети се голем број на станбени и деловни објекти, а во експлозијата уништени се и три болници. Државата веќе има и сериозни проблеми со пандемијата на коронавирусот.

- Земјата има проблеми. Секогаш кога ќе направиме еден чекор напред, се случува нешто лошо што не враќа десет чекори назад.  

- Морав да одам по автопатот за да стигнам до мојот дом кој сега е уништен. Попат сретнав многу повредени. Имаше и многу мртви кои лежеа на улицата.

Спасувачките екипи се уште се обидуваат да пронајдат преживеани под урнатините, а забранет е пристапот до деловите од градот околу местото на несреќата. Најмалку сто лица се уште се водат како исчезнати. Властите побараа меѓународна помош, а според министерот за економија на државата ќе и бидат потребни неколку милијарди долар за да ги санира штетите.

Францускиот претседател Емануел Макрон кој денеска пристигна во Бејрут предупреди дела Либан мора да ги спроведе неопходните реформи бидејќи инаку ќе се соочи со сериозна политичка и економска криза. Франција веќе испрати три авиони со неколку тони медицински материјали.

„Главен приоритет во моментов е помошта. Мораме да пружиме безусловна поддршка. Сепак, бараме од Либан да ги направи неопходните реформи и да ја засили борбата против корупцијата. Ако тоа не се случи, државата нема да напредува.“ - изјави Макрон.

Првиот човек на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, вели дека Европската унија е подготвена да му помогне на Либан со повластена трговија и царинска поддршка, со цел земјата да ги санира последиците експлозијата.

- Комисијата е подготвена да испита како може да ги подобри нашите трговски односи во ова предизвикувачко време, особено во смисла на натамошно повластено тргување и царинско олеснување. -  изјави Фон дер Лајен во телефонскиот разговор со либанскиот премиер Хасан Диаб.

Досега ЕУ испрати 100 пожарникари и воени бродови во Либан а го активираше сателитскиот систем за мапирање Коперник за да се олесни пребарувањето. 

Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека првиот од четирите авиони со помош слетал во Бејрут. Со него пристигнале екипи за спасување, лекари и медицинска опрема и мобилна болница а германија испрати 50 специјалисти од Федералната агенција за помош при катастрофи.

0 Коментари

Остави коментари