Меѓународна акција против италијанската мафија ширум Европа
Foto

Меѓународна акција против италијанската мафија ширум Европа

Околу 90 членови на италијанската мафија Ндрангета беа уапсени за време на голема меѓународна операција во неколку европски држави и Латинска Америка. Во рацијата учествувале 100 полициски службеници од Белгија, Италија, Германија и Холандија, полицијата претресувала италијански ресторани и слаткарници, каде се верува дека биле перени пари, а биле запленети 3 тони кокаин и 140 килограми екстази. Според информациите, уапсените се осомничени за тешки престапи, вклучувајќи криминален заговор за меѓународна трговија со дрога, членство во мафијашка организација и нелегален бизнис со рециклирање на отпад.

„Очигледно дека мафијата не е победена со оваа операција. Ндрангета е навистина моќна и многу богата.“ - изјави јавен обвинител Федерико Кафеиро де Рахо.

Мафијата Ндрангета доаѓа од Калабрија во јужниот дел на Италија. За неа се смета дека контролира 80% од трговијата со кокаин во Европа, како и дека е единствената мафијашка организација која е присутна на сите континенти.

Рацијата се случува еден ден откако италијанските власти во Палермо го уапсија наводниот нов шеф на сицилијанската мафија Сетимино Минео заедно со уште 45 лица осомничени дека се дел од мафијата.

0 Коментари

Остави коментари